На Мурињо веќе почна да му гори под нозете, во Тотенхем размислуваат и за отказ на Португалецот

19

Медиумите во Англија пренесуваат дека првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви полека но сигурно веќе почнал да размислува за евентуален отказ на Жозе Мурињо.

Проблем за Леви е тоа што доколку му врачи отказ на Мурињо ќе треба да плаќа големи пенали, односно ќе треба да го плаќа целиот договор на стратегот дури и тој да добие отказ од клубот.

Иста беше ситуацијата и со Маурисио Покетино кого Тотехем го плаќаше до пред неколку месеци пред Аргентинецот да седне на клупата на ПСЖ.

Во моментов, Мурињо е еден од најплатените стратези во светт со вкупна заработувачка од 15 милиони фунти по сезона.

Леви ќе му даде фора на Мурињо до крајот на сезоната, а потоа доколку клубот не обезбеди пласман во Лигата на шампионите стратегот ќе заработи отказ, а него би го замениле или Јулијан Нагелсман или Брендан Роџерс.