На Мурињо не му се потребни засилувања

8

Жозе Мурињо кој минатиот месец седна на клупата на Тотенхем откри дека не барал од својата управата да му обезбеди буџет за засилувања во зимскиот преоден рок.

– Опуштен сум бидејќи го добив тоа што го очекував. Да бидам искрен, очекував дека ќе ме прашате дали сум вознемирен бидејќи клубот не планира да троши огромна сума на пари во јануари. Не, не сум вознемирен. Во клубот нема тајни и тоа ме прави среќен. Не ми се потребни 300 милиони евра и не ми се потребни нови играчи во јануари – изјави Мурињо.

Иако пред медиумите изјави дека нема да пазари во јануари, не е исклучено Мурињо да биде активен на трансфер пазарот доколку остане без Кристијан Ериксен кој пак си најави заминување од клубот.