На површината на нерастопениот мраз на нашите слабости

10

Емин АЗЕМИ

АЛБАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА „СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ“ ЗА ПРЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА И ФРАГМЕНТАЦИЈА НА ПРОБЛЕМИТЕ

На површината на нерастопениот мраз на нашите слабости продолжува да се лизга, од година во година, од влада до влада, од мандат до мандат, забунето и застрашувачки, негативната селекција, како критериум за валоризација на нашите (не) неспособности. И на крајот, се случува ние сите да остануваме да се лизгаме во мразот на нашата не консолидација како општество, како нација и како интелектуалци. Албанија, Косово и Северна Македонија се уште не можат да станат привлечни дестинации за странските инвеститори. Тоа се случува поради политичките елити на овие држави што со години инвестираат во економски „инсталации“, блиску до власта, кои после истекот на мандатот се претворуваат во олигарси и тие најбргу стануваат милионери за да купуваат празни полиња покрај морето во Дубаи, за да се засадат „садниците“ одгледувани во владејачката „стаклена градина“, во форма на некој гигантски хотел. „Сиромашната“ Германија продолжува да се грижи за благосостојбата на нашето население, компензирајќи ги работните места, ветени во овдешните жешки изборни кампањи, а во меѓувреме, нашите политичари милионери, за еден мандат на владеење, стануваат богати Германци. Едно општеството организирано врз основа на приоритети и агенди, нема потреба за парцијален пристап. Албанците во Македонија, во моментов, се „специјализирани“ за парцијализација и фрагментација на проблемите, а во меѓувреме, светот се глобализира, додека комуницирањето се повеќе се дигитализира. Како последица, и придобивките што можеме да ги имаме од дијаспората, и обратно, се уште се третираат според парцијалната диоптрија, и како резултат имаме долг список на неуспешни случаи, каде поединци со добра волја од дијаспората дојдоа да започнат тука некој бизнис, но завршиле разочарани. Не само поради грабливите пристапи на одредени посредници, кои, како гладни арамии, избркале многу имигранти, туку и поради недостаток на институционална стратегија, која би била во функција на активирање на капацитетите и ресурсите на дијаспората. Присуството на емигрантите ние сме го разбрале само како приватно прашање на поединците со амбиции кои завршуваат внатре во куќните дворови. Меѓутоа, никој не размислува дека овие прашања да добиваат и некаква општествена и јавна димензија. Најмалку што може да се направи во оваа насока, би било формирање на здружение која ќе ги евидентира сите склоности и ресурси на емигрантите. Доколку би постоело такво национално здружение на национален ранг, проблемите ќе се откриваат полесно како и пристигнување на емигрантите не би го сфаќале само како лично прашање на поединците, туку и како општествена преокупација, на крајот на краиштата и како ресурс со големи економски, културни и социјални придобивки.

БУЏЕТСКИТЕ СТАВКИ СПЕЦИФИЦИРААТ РАЗВОЈНИ НАСОКИ НА ОДРЕДЕНИ РЕГИОНИ

Досега е докажано дека ЕБРД се претставува како главен инвеститор во Северна Македонија и досега има инвестирано скоро 2 милијарди евра во 115 проекти. Меѓутоа, една тема што останува да виси и што не се третира со посветеност, ниту од меѓународните финансиски институции, вклучувајќи и ЕБРД, е (не) пропорционалниот развој на регионите во РСМ. Доколку се направи подетален преглед на инвестициската карта, ќе забележиме дека Скопје, централниот и источниот дел на земјата, се главните таргети на странските и домашните инвестиции. На оваа карта се уште недостасува потребното фокусирање за областите населени со Албанци и тоа влијаеше дека многу млади да најдат решение во земјите на Западот, каде полесно обезбедуваат работно место и поголема културна и образовна перспектива. Но, оваа слика би била нецелосна, доколку не се земе во предвид фактичката состојба што се однесува до конкретните заложби на Владата во надминувањето на разликите и пристапите во регионалниот развој на земјата. Буџетските ставки на оваа Влада се многу сложени, многу малку профилирани и како последица не ги специфицираат развојните насоки на одредени региони, кои со децении заостанувале, токму поради погрешните владини политики. Ако новата власт дојде да ги поправи грешките на претходната власт, тоа би требало да го вкусат и регионите населени со албанско население. Од другата страна, недостасува и посериозна посветеност на албанските претставници во Владата, кои со нивните планови и идеи би можеле да ја апсорбираат, не само финансиската моќ од странство, во главно од дијаспората на Европа и Америка, туку би усвојувале и многу идеи, заедно со човечките ресурси што моментално се наоѓаат во овие земји.

КОМАНДАНТИТЕ И АНОНИМНИТЕ БОРЦИ

После последните војни што се случија, најраспространета професија кај Албанците беше „командант“. „Доаѓа тој командант“. „Тој командант рекол“. „Не чепкај, бидејќи е на командантот“, итн. Еден народ со толку многу команданти, и со толку малку добиени битки на воениот фронт, покажува дека нешто не е во ред со правилното разбирање на поимот – војна. Или, не е нешто во ред со тие кои поставуваат критериуми дека кој може и кој не треба да стане командант. Тие што не загинале на фронтот, никој не ги нарекува командант. Дали сте слушнале некогаш за командант Захир Пајазити, Фехми Ладровци, Агим Рамадани, освен ако Илир Шаќири или Шкурте Фејза, им требаше поради римата да ги украсуваат нивните имиња со разгалената семантика што создава зборот „командант“. Да си борец на ОВК не е исто како да си командант. Затоа што, командантите се произведоа на велико после војната, додека борците или починаа или продолжија да живеат анонимен живот, заборавен од оние што „на брзина“ ги облекоа позајмените капути на командантите.

„ЗАД ЗАВЕСИТЕ“, ТАМУ КАДЕ НЕПРАВДАТА ПУШТИЛА КОРЕНИ

Никој не помислил дека после надминувањето на спорот со Грција, Северна Македонија ќе има и други предизвици што ќе ја отежнуваат нејзиниот евро-интеграциски пат. Меѓутоа, една вистина остана константна: манијата на политиката да се гради држава врз лоши компромиси. Но, излегува дека оваа манија ќе биде по генерична во производство на внатрешни дестабилизирачки ефекти, отколку било која закана од надвор. Пактот со ѓаволите на сивите пазари, ја остава државата во несигурни раце, додека тие што се обидуваат да се кријат зад возвишените цели, честопати стануваат совиновници во неуспехот на процесите. Амнестијата на пратениците и на носителите на високи јавни функции од одговорноста за злосторствата и злоупотребите сторени во минатите периоди, вклучувајќи ги и крвавите настани од 27 Април, како и разните наредбодавци за уништување на опремата за прислушување, без да се заборави и поранешниот премиер во бегство, се не затворени рани на двоен политички и судски морал, кој, слично како роговите на овенот во вреќа, не можат да го сокрие размерите на изобличувањето во очите на јавноста. Така, ниту еден претставник на поранешниот режим не е осуден за неговата алчност, смукајќи милиони евра во гладното грло на алчноста што му дава неконтролираната власт. Меѓутоа, од друга страна, тука судството се покажа доста агилен, кога осудил невини Албанци и кога (неправдите) ги засновал врз екстремните страсти на едностраноста. Животот што се одвива на теренот, вклучувајќи и тие во затворите, и во климатизурани канцеларии и позајмени од даночните обврзници, се два целосно паралелни света. Ако дипломатите, кои ни прават чест со нивните посети, не ја гледаат и животот зад завесите, таму каде неправдата пуштил корени, тогаш тие ја завршуваат само половината од работата.

МАНДАТОТ ШТО ИЗВИРА ОД НАРОДОТ И ПАРТИСКИТЕ ЛОЈАЛНОСТИ

„Понижена држава“, „Државата е виновна“, се овие пароли што се шират на нашите простори исполнети со патриотска-партиска магла, а во меѓувреме конкретните работи што треба да се извршуваат имаат конкретни носители, со присвојни имиња и презимања. Леснотијата да се обвинува државата и да се амнестираат државните функционери ќе не чини скапо, се додека не сфатиме дека мандатот што извира од народот треба да се преведува во конкретни дела, а не на партиски лојалности за да се продолжува времетраењето на власта. Тогаш, кога мандатот (читај: власта) се совпаѓа целосно со виталните интереси на народот, тој мандат секако ќе создава позитивна традиција на градењето на државата, каде микрокосмосот на граѓанинот се растопува без да се неприметни во гигантската галаксија на државата. Само така ќе можеме да направиме диференцијација, на сред рамката што се вика држава и фотографијата наречена индивидуална одговорност на тие што работат во државава. Ако не успееме да ја направиме оваа диференцијација, тогаш сите рамки ќе се “гордеат“ со празнината на недовршена фигуративна порака.

ДЕНЕШНИТЕ ЗЛОУПОТРЕБУВАЧИ УТРЕ ЌЕ СЕ ПРОГЛАСАТ НЕВИНИ

Некогашната доверба на граѓаните во правосудниот систем, која беше олицетворена со СЈО, сега веќе е соборена на земја, иако уште во почетокот имаше резерви што се однесува до опсегот и моќта на одлучувањето на оваа институција. Скептиците велеа дека во оваа држава ниту една иницијатива не оди до крајот. Значи, според нив, ниту СЈО не може да ја извршува својата функција, за која беше формирана и како последица повторно „големите риби“ ќе останат надвор од правосудната мрежа. Колку штета кога излегуваат прогнозите на злобниците. Културата на не казнувањето на криминалот и корупцијата, која беше инсталирана и во новата власт, е главна пречка да не се постигне компромисот за формирање на ново Обвинителство што ќе се занимавал со гонењето на криминалот и корупцијата на високи нивоа. Овие пропусти, колку се разочарувачки за луѓето што гласаа за друга Македонија, ослободена од криминалот, рекетот, корупцијата, непотизмот, исто толку се разочарувачки и за секоја иницијатива на граѓанско општество, која нејзиното граѓанско дејствување нема да ја подржува веќе во каузи на антикорупцијата. Сега и во иднина, секој идеалист на оваа земја ќе се размислува многу добро, пред да побара искоренување на криминалот, корупцијата, рекетот, непотизмот од политиката, затоа што заправо политиката ќе биде токму таа што дење се прави како се бори против овие отстапувања, додека ноќе спие заедно во кревет со нив. Утре, се разбира, и денешните злобници ќе се прогласуваат невини. Утре, и тие кои денеска ја крадат државата,ги ракетираат бизнисите и ги наместуваат тендерите без транспарентни правила, ќе се амнестираат, затоа што само на тој начин може да се гарантира неказнетоста на корумпираните политики. Во државите со недостаток на демократски, институционални и одлучување, секогаш се создадени тајни сојузи меѓу правосудниот систем и политичарите. Последниве,не сакале да формираат кредибилни правосудни институции, затоа што биле многу свесни, дека тие ќе можат да бидат првите клиенти на тие институции. Предавањето на штафетата за не казнување, од една на друга власт, од една каста на олигарси на друга каста, се случува во времето кога оваа држава има за цел да стане дел на Европа. Овдешните политичари, гарантирајќи и договарајќи меѓу себе културата на неказнивоста за кривични дела, извршени за време на нивните владини мандати, забораваат дека ќе им биде тешко да го убедат, да велиме, францускиот претседател, Емануел Жан-Мишел Фредерик Макрон и неговите колеги внатре во ЕУ, да даде зелено светло за датумот на преговорите, во следната година.