На полицаец во САД му се заканува смртна казна за убиство на Афроамериканец

Поранешниот полицаец Герет Ролф, кој пукаше и го уби Афроамериканецот Рајшард Брукс, ќе биде обвинет за убиство.

7

Како што објави Род Хауард, обвинител во округот Фултон во државата Џорџија, против Ролф ќе биде подигнато обвинение поради убиство на 27-годишниот Брукс, кој не покажувал агресија во ниеден момент за време на апсењето, пренесува Си-ен-ен.

На Ролф му се заканува доживотен затвор или смртна казна ако биде прогласен за виновен.

Хауард рекол дека на Брукс во ниеден момент не му било кажано дека е уапсен поради возење под влијание на алкохол и дека тој не се однесувал агресивно. На почетокот на инцидентот тој дремел, навел окружниот обвинител, а потоа соработувал со полицијата.

Обвинителот рекол дека Ролф со нога го туркал Брукс додека лежел на земја и се борел за воздух, по што бил погоден и објаснил дека на полицајците од Атланта им е забрането да пукаат од пиштол во некого кој бега.

Полицаецот Герет Ролф, кој за време на приведувањето на Афроамериканец во Атланта пукаше во него и го погоди во грб, веднаш е отпуштен од работа.