На продажба хрватскиот трговски синџир „Певекс“

0

 

Најголемите акционери на хрватскиот трговски синџир „Певекс“ покренаа иницијатива за продажба на своите акции, пишува загрепски „Јутарњи лист“, наведувајќи дека можната цена е 500 милиони евра.

Порталот dnevnik.hr пишува дека за советник за продажба на компанијата е избрана консултантската куќа „КПМГ“ што треба да ги спроведе подготвителните активности за прибирање првични понуди од потенцијалните инвеститори.

Тројцата најголеми акционери на „Певекс“ се подготвени да ги продадат своите акции во компанијата, која во последните години од банкрот премина во лидер на пазарот во сегментот „направи сам“.

Во моментов „Певекс“ има 2.200 вработени, 27 продажни центри, а со растот на онлајн продажбата, оваа година очекува приходи од околу 2,7 милијарди куни (357,5 милиони евра).