На средбата со Бајден, холандскиот премиер го вети системот Патриот за Украина

1

 

Холандскиот премиер Марк синоќа го извести американскиот претседател Џо Бајден дека Холандија ќе и го понуди на Украина ракетниот систем Патриот.

Холандија ќе им се придружи на САД и Германија во испраќањето на системот за противракетна одбрана „Патриот“ во Украина, истакна Руте на средбата со Бајден во Белата куќа.

– Мислам дека е важно да се приклучиме и разговарав за ова со германскиот канцелар Олаф Шолц утрово, рече Руте.

Бајден му се заблагодари на Руте што е „многу, многу посветен“ на поддршката за Украина.

Руте информираше дека Холандија одлучила да потроши дополнителни 2,5 милијарди евра за поддршка на Украина, што претходно го најави владата.

Бајден и Руте треба да разговараат за понатамошна поддршка за Украина, „како и за понатамошна соработка во областите на одбраната, безбедноста и зајакнувањето на билатералните трговски односи“,беше истакнато во соопштението на холандската Влада.