На судењето за „Монструм“ ќе сведочат вработени во МВР кој добиле дојава дека е пронајдена „опел омегата“

9

На следното рочиште за случајот „Монструм“, кое е закажано за10 септември ќе сведочат двајца сведоци од Центарот за известување и командување, кои ја примиле дојавата дека во местото Враживир, на 13 април 2012 е пронајдено возилото „опел омега”, а во кое, според обвинението, се превезувале дел од извршителите на петкратното убиство кај Смиљковското Езеро.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.