На сцената на МОБ првата албанска опера “Скендербег”

13

2 години и 3,5 милиони денари, средства од министерството за култура, беа потребни да се подготови првата албанска опера „Скендербег“, која ќе се постави на сцената на Националната опера и балет.

Во процесот на подготовка беа вклучени 140 уметници и технички персонал, автор на операта е Фатос Лумани, а режисер, Жендрим Рихани. Во операта ќе настапат истакнати уметници од Албанија, Косово и Македонија.

„Скендербег” е современа опера, без никаква национална конотација, најави на денешната прес конференција, режисерот Пихани. Операта засега има најавено три изведби, а премиерата е в понеделник, 23 декември во НОБ.