На „Табановце“ се чека еден час, на „Богородица“ 30 минути

1

На ГП „Табановце“ претпладнево за влез во земјава се чека од 40 до 60 минути, а на ГП „Богородица“ за влез и излез околу 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.