На Твитер се споделуваат телефонски броеви од пратеници: Порачајте им да не го предаваат народот

16

Во пресрет на утрешната пленарна седница на македонското собрание на која ќе биде разгледуван „францускиот предлог“, на социјалната мрежа Твитер се појави слика со телефонските броеви на сите пратеници од редовите на СДСМ и од нивната коалиција.

Насловот на сликата: „Порачајте им да не го предаваат народот“, сугерира дека треба да се ѕвони на нивните броеви и лично да им се изврши притисок да гласаат против заклучоци со кои и се отвори можност на Владата да го прифати „францускиот предлог“.

Од листата се изоставени броевите на кои може да се контактираат пратениците од ЛДП, ДОМ и ДС.