На 21 февруари почнува судскиот процес за крвавиот четврток

27

За 21 февруари е закажан почетокот на судскиот процес за организаторите на крвавиот четврток во Собранието, рече обвинителката Вилма Русковска денеска на рочиштето за предметот „Рекет“.

За овој случај обвинети се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кои се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста.