На 58. години починала глумицата Кели Престон – сопруга на Џон Траволта

14

Кели Престон, актерка и сопруга на Џон Траволта, почина на 57 години по двегодишна битка со рак на дојка.

„Со тешко срце сакам да ве известам дека мојата прекрасна сопруга Кели ја загуби двегодишната битка со ракот на дојка. Таа храбро ја водеше оваа борба со љубов и поддршка од многумина“, напиша Траволта на Инстаграм.

Престон и Траволта беа во брак 29 години и заедно имаат три деца, од кои синот Џет почина во јануари 2009 од епилептичен напад додека биле на одмор на Бахами.

Престон имаше четиридецениска кариера во Холивуд, остварувајќи над 70 филмски и телевизиски улоги, при што често глумеше покрај Траволта. Тие се запознаа во 1987 година и заедно играа и во нејзиниот последен филм „Готи“ од 2018.