На VAKCINACIJA.mk од утре ќе се пријавуваме за вакцини

39

VAKCINACIJA.mk е веб страницата преку која ќе може да се пријавуваме за вакцина против коронавирус, пишува ТВ21.

Според министерот за здравство, Венко Филипче веб страницата ќе започне со работа од утре.

Приоритет ќе се утврдува со помош на системот „Мој тремин“, а ќе може да се пријават сите граѓани.

Имунизацијата во Македонија ќе започне со кинеските вакцини веднаш што пристигнат, а се очекува и пратката од Фајзер.

Од кинеската Синофарм очекуваме 200.000 вакцини со кои ќе може да се услужат 100.000 граѓани.

Здравените работници кои се во првата категорија ќе се вакцинираат преку посебна листа. На Трансфузија ќе одат вработените од Клинички центар. Досега се пријавиле 4000 здравстени работници, од кои 2000 во Скопје. Од здравстениот дом се пријавиле 50 проценти од медицинскиот персонал, а според информациите на ТВ 24 најмалку пријавени има во Брзата помош.