НБА: ЛА Лејкерс најмалку еден месец без Дејвис

13

НБА лигашот Лос Анџелес лејкерс најмалку еден месец ќе биде без услугите на еден од своите најдобри кошаркари Ентони Дејвис поради повреда, јави синоќа ЕСПН.

Дејвис го повреди десното стапало на дуелот против Денвер одигран ноќта меѓу петокот и сабота, а лекарскиот тим по извршените прегледи констатираше дека најмалку во следните четири недели кошаркарот ќе биде надвор од теренот.

До повредата, Дејвис беше сезонава на 10. место на листата на стрелци во НБА лигата со просек од 27.4 поени по натпревар, а на тоа имаше и ефект од 12.1 скокови и 2.6 асистенции.

ЛА Лејкерс во моментов има ефект од 12 победи и 16 порази и во Западната конференција само три екипи се со послав ефект (Оклахома, Сан Антонио и Хјустон).