НБА: Лилард броеше до 51 против Филаделфија! (ВИДЕО)

2

Кошаркарите на Сан Антонио, Бостон, Портланд и Бруклин забележаа победи во НБА лигата, така што Спарси и Трејл блејзерси ги задржаа шансите за плеј-оф.

Екипата на Грег Попович го совлада Њу Орлеанс во директен дуел со 113:122 и ја задржа 10 позиција на табелата во Западната конференција.

Најдобар кај „мамузите“ беше Демар Дерозан со 27 поени, додека на спротивната страна кај „пеликаните“ се истакна Џеј-Џеј Редик со 31 поен, шест повеќе од Зајон Вилијамсон.

Портланд дојде до триумф благодарение на фантастичниот Демијан Лилард, откако плејмејкерот ја исправи грешката од претходниот дуел, кога беше трагичар.