НБА: Феникс преоѓа во сопственост на милијардерот Ишбиа

4

Американската професионална кошаркарска НБА екипа Феникс Санс ќе добие до крајот на оваа недела нов сопственик, откако е одобрена продажбата на клубот на милијардерот Мет Ишбиа.

Покрај машкиот тим, Ишбиa од досегашниот сопственик Роберт Сарвер ќе го купи и женскиот тим Феникс Меркјури.

Промената на сопственоста доаѓа откако Сарвер беше принуден да ги напушти клубовите поради обвиненија за сексуално злоставување на десетина вработени, како и користење расистички речник во односите со клупскиот персонал.

Според американските медиуми, Ишбиа, кој е претседател и извршен одбор на компанијата „United Wholesale Mortgage“, ќе издвои четири милијарди долари за машкиот и женскиот тим.