НБА: 17. шампионска титула за ЛА Лејкерс (ВИДЕО)

62

Лос Анџелес Лејкерс со триумфот од 106:93 во шестиот натпревар од големото финале дојдоа до четвртата победа против Мајами и до шампионската титула. Леброн Џејмс е прогласен за МВП на финалната серија.

Тимот од Лос Анџелес прашањето околу победникот го решија во првото полувреме, односно во втората четвртина која ја добија со 36:16 и на полувреме имаа дури 28 поени разика.

Предноста во вториот дел одеше и до 33 поени, што беше доволно за рутински да го довршат натпреварот. Леброн Џејмс го предводеше ЛА Лејкерс до победата со трипл-дабл од 28 поени, 14 скоково и 10 асистенции, а одлично одиграа и Ентони Дејвид и Ражон Рондо со по 19 поени.

Ова е 17. шампионска титула за ЛА Лејкерс со што се израмнија со Бостон селтикс на листата на најтрофејни екипи во историјата на НБА лигата, а прва титула за „езерцата“ од 2010 година кога тимот тогаш беше предводен од Коби Брајант.
Големото финале против Мајами хит започна со две убедливи победи на Лејкерси кои предводени од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис славеа со 116:95, односно 124:114, а нивниот противник уште на стартот се соочи со големи проблеми. Поради повреди уште на првиот наптревар Мајами остана без двајца клучни играчи Горан Драгиќ и Бем Адебајо.