Невил: На Јунајтед му требаат уште тројца или четворица играчи

9

„Црвените ѓаволи“ ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај Брајтон (0:3) и со тие бодови ја одржуваат трката за Лигата на шампионите.

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Гери Невил верува дека на клубот му се потребни уште тројца или четворица нови играчи доколку сака да се бори за титулата.

– Клубот се враќа на вистинските патеки, моментно е на петтото место во Премиер лигата. Се подобрува со младите играчи. Но, мислам дека и натаму мора да биде активен на трансфер пазарот, да се направи победничка екипа која ќе размислува шампионски, а тоа треба да биде амбиција на Манчестер јунајтед. Тројца или четворица играчи од висок квалитет како Бруно Фернандеш може да ги однесе во посакуваната трка – рече Невил.

Воедно Невил го информира менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, дека желбата Џејдон Санчо би можел да вреди повеќе од 50 милиони фунти.

– Мислам дека треба да платат повеќе од тоа. Не можете така лесно зезнете клуб каков што е Борусија Дортмунд – додаде Невил.