Невил: Сè уште имам траума од поразот од Германија

9

Поранешниот репрезентативец на Англија, а сегашен експерт на „Скај“, Гери Невил, ги повика репрезентативците Герет Саутгејт да ја направат нацијата горда и да ја победат Германија.

Двата фудбалски гиганти имаат долгогодишно ривалство, во кое „Маншафт“ има далеку подобар учинок, а самиот Невил како играч во 1996 година претрпе болен пораз од Германија на Европското првенство, кое се играше во Англија.

„Тогаш бев млад, имав само 21 година, но сè уште го паметам тој натпревар. Како да се случи пред некој ден. Она што сакам да им го кажам на нашите играчи е дека сега имаат можност што тешко веројатно дека во иднина ќе ја имаат повторно. Сега имаат шанса пред 45.000 гледачи на „Вембли“ да ја победат Германија. Ова е голем момент за нашата држава“, рече Невил.

Дуелот меѓу Германија и Англија е закажан за од 18:00 часот, а последниот осминафинален пар го сочинуваат Шведска и Украина.