Невреме го погоди Хвар

5

Централниот дел на хрватскиот остров Хвар го зафати невреме со град што ги побеле градските улици и остави наноси од мраз и до 20 сантиметри. Оваа појава не е невообичаена бидејќи целиот Јадран е под влијание на циклони веќе неколку дена.

Резултатот се големи количини на врнежи во првите седум дена од декември, на места и до 150 литри на метар квадратен.

„Последниве два дена во централна и јужна Далмација повремено се појавуваат бурни кумулонимбусни облаци, од кои имаше посилни грмежи и град. Пијавици се евидентирани на подрачјето на Дубровник и Вис. Во вторникот градот опустоши пошироко подрачје, денеска беа варосани делови од Хвар и Дубровник“ информираат надлежите.

Пожарникарите од Хвар имаат многу повици, главно за испумпување на водата од просториите на приземјето, но без значителна штета.