Недела останува неработен ден

0

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка по иницијативата на Стопанската комора која го оспори Законот кој во својата содржина опфаќа работа во недела и која бараше ден за одмор може да биде кој било друг ден во неделата.

Дополнително, подносителите на иницијативата беа на ставот дека дека е утврден и додаток на плата за работа во недела во износ од најмалку 50 отсто за секој час поминат на работа и „од тие причини е дозволена нееднаквост на граѓаните пред законите“.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) остро се спротивстви на оваа иницијатива на бизнис секторот и се закани со нови радилани мерки.