Неизвесно е кога ќе почне учебната година, прво ќе се носат измени на законитe

17

Владата денеска соопшти како ќе се организира образовниот процец во услови на корона криза, но министерот за образование, Арбер Адеми не соопшти кога ќе почне учебната година, дали ќе биде традиционално на 1 септември или подоцна.

Адеми вели дека прво треба да се направат измени на законите за основно и средно образование, а за тоа е потребно функционално Собрание.

Измените на законите треба да се направат за подготвените предлози часовите да траат по десет минути пократко од регуларните (30 минути во основно и 35 минути во средно образование). Се споменуваше и дека учебната година може да почне и од 15 септември, но конечна одлука нема.

Според одлуката на Владата учебната година ќе почне онлајн, освен за учениците од прво до трето одделение кои исто така можат да ја следат настават и онлајн ако така одлучат родителите.