Нека се откаже ВМРО-ДПМНЕ од свој потпретседател на Собранието, ќе се откаже и СДСМ, порача Заев

12

ВМРО-ДПМНЕ собира политички поени на нечесен начин, порача мандатарот Зоран Заев, коментирајќи ги критиките на опозициската партија дека нема економска оправданост да има пет потпретседатели на Собранието.

„Во 2017 година парламентот утврди 5 потпретседатели, а се пополнија четири. Сега имаме утврдено бројка од 5 потпретседатели, и тоа е бројка не значи дека сите потпретседатели ќе бидат пополнети. Прво нашата земја ја користи оваа функција заради столбот на демокатијата парламентот кој е најважна институција. Ние сме мултиетничка земја, сакаме да имаме застапеност на сите. Оваа проблематика што ја отвори ВМРО-ДПМНЕ е само собирање политички поени на лажна основа. Вкупно се утврдија 5 потпретседатели,тие не мора да бидат утврдени до крај. Еве ја испраќам пораката – нека се откаже ВМРО-ДПМНЕ од свој претставник како ВМРО-ДПМНЕ за потпретседател на Собранието, ќе се откаже и СДСМ и еве ќе имам три потпретседатели. Но, во деловникот вели дека најголемата опозициска партија има еден потпретседател. Ова го кажувам за да и е јасно на јавноста дека ова е собирање политички поени на нечесен начин. За бројот на потпретседатели допрва ќе одлучува македонското Собрание“,

порача Заев.
ВМРО-ДПМНЕ вчера побара да се тргне од дневен ред предлог-одлука за одредување на бројот на потпретседатели, критикувајќи дека пет потпретседатели се непотребен трошок на државата и служат само за да се задоволат коалиционите страсти.