Неколку министри од Владата ќе бидат во изолација?

3

Дали настанот кој се одржа вчера во Велес ќе однесе во изолација неколку министри ќе се знае во текот на денот. Откако синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека е позитивен на коронавирус, надлежните проверуваат колку функционери биле во контакт со него, и кому треба да му биде одредена самоизолација. На вчерашниот настан, каде се засадуваа дрва во близина на езерото Младост, покрај првиот човек на МВР, присуствуваа и премиерот Зоран Заев, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Ден претходно се одржа дигиталниот конгрес на СДСМ, каде Спасовски и уште неколку функционери од раководството на СДСМ и министри од Владата, вклучително и премиерот Заев и министрите Радмила Шеќеринска и Љупчо Николовски. На фотографиите од двата настани се гледа дека протоколите се почитувале, а присутните носеле маски.