Неколку навивачи на Аргентина се искачија на врвот на 68-метарскиот Обелиско за време на прославата на мундијалскиот трофеј

16

По победата на Аргентина во финалето на Светското првенство во 2022 година, повеќе од милион луѓе излегоа на улиците во Буенос Аирес за да го прослават триумфот. Неколку луѓе се искачија на врвот на Обелиско на централниот плоштад во градот, кој е висок околу 68 метри.

Обелиско де Буенос Аирес е национален историски споменик и икона на главниот град на Аргентина. Сместен е на Плоштадот на Републиката на пресекот на авенијата Кориентес и 9 де Хулио. Подигнат е во 1936 година за да ја одбележи 400-годишнината од основањето на градот.

20 декември официјално е прогласен за државен празник во Аргентина.