Нема веќе делење лозинка: Нетфликс најави промени во работењето

14

Компанијата Нетфликс, која стои зад најпознатата платформа за филмови и серии, соопшти дека изгубила 200 илјади членови во првите три месеци од 2022 година, а очекуваат и намалување за дополнителни два милиони претплатници до јули годинава, објави „BBC“.

Овој пад се должи на тоа што Нетфликс одлучи да ги подигне цените во најголемите пазари меѓу кои САД и Велика Британија, додека истовремено престана да ги нуди своите услуги во Русија. Само повлекувањето од Русија по војната во Украина резултирало со 700 000 помалку претплатници.

Исто така, оттаму најавија дека во следниот период ќе се обидат да се справат со споделувањето корисничките сметки во обид да дојдат до нови корисници. Се проценува дека повеќе од 100 милиони домаќинства ги кршат правилата на Нетфликс со споделување на лозинките, па компанијата продолжува да бара начини како да ги искористи и овие корисници.

Последен пат кога оваа платформа забележала загуба на претплатници во еден квартал било во октомври 2011 година. Сепак, бројот на претплатници на Нетфликс во моментов е сѐ уште голем и изнесува над 220 милиони на глобално ниво.