Нема да има поскапување на струјата

33

Струјата нема да поскапи. Според неофицијални информации на Алсат од РКЕ, ќе има „незначително, минимално намалување на цената“. Но, дефинитивната одлука ќе се знае денеска после 12 часот, кога ќе заврши седницата на Комисијата на којашто сите компании коишто ги доставија трошоците ќе имаат право да упатат забелешки на одлуката на Регулаторот.