Нови закани за бомби во скопските училишта

7

 

Повторно пристигнаа дојави за бомби во неколку скопски училишта пред 15 часот, а учениците веднаш биле евакуирани, додека полициските екипи вршат проверки.

Закани за бомби пристигнале до „Ѓеорги Димитров“ и „Никола Карев“, каде што веднаш биле преземени сите потребни мерки од полицијата која долг период се соочува со идентични дојави.

Во претходните денови закани имаше и во други градови, а дојавите за бомби пристигнуваат повеќе од два месеци.