Нема повеќе опомени, неносењето заштитна опрема ќе се казнува од денеска или утре

Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести денеска до Владата ќе поднесат предлог казнувањето за неносење заштитна опрема (маска, шал, марама…) да почне веднаш уште денеска или најдоцна утре.

33

Министерот за здравство, Венко Филипче, појасни дека на ваков чекор ги натерале се почестите слики во медиумите и на социјалните мрежи со граѓани кои не ја почитуваат мерката

„Заштитната опрема се носи и на отворено и на затворено, како што е пропишано, каде нема можност да се одржува физичка дистанца од два метра“, рече Филипче.
Првичниот план беше казнувањето да почне од мај, а до тогаш полицијата само да опоменува.

Според Уредбата со законска сила, за граѓаните е предвидена казна од 20 евра, додека за фирмите кои нема да обезбедат заштитна опрема за своите вработени пропишана е глоба од 2 000 евра.