Ненадејно почина Масимо Савиќ

29

 

Почина Масимо Савиќ, соопшти неговото семејство. Имаше 60 години.

„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, нѐ напушти по кратка, но херојска борба.

Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души; насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност.

Ние ќе бидеме твои девојки засекогаш.

Ани и Мирна“, објавија неговата сопруга и ќерка на неговата официјална страница.

Масимо е роден на 6 јуни 1962 година во Пула, а средното образование го завршил во Загреб, каде што ја започнал својата музичка кариера.