НЕОФИЦИЈАЛНО: Повеќе од 20 жртви во пожарот во тетовската болница

85

Пожарот во модуларната болница во Тетово е изгаснат, но модуларната болница е целосно изгорена.

Неофицијално, има повеќе од 20 жртви, a меѓу нив има и пациенти и персонал.

Пожарот избувнал околу 21 часот и веднаш биле пратени противпожарните екипи и полицијата за истиот да се локализира.

Веста дека има жртви ја потврдија и од Министерството за здравство, од каде што рекоа и дека сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Повредените лица итно се транспортираат во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани.

Се чека да се изврши увид и да биде објавена официјалната бројка на жртви.