Непознато лице изболо 12-годишно дете кај Зелен пазар

Дванаесетгодишно дете е прободено со остар предмет кај Зелен пазар во Скопје, соопшти МВР.

44

Инцидентот се случил вчера вечер околу 20 часот. Во полиција било пријавено дека на плочник во близина на Зелен пазар, 12-годишен малолетник бил прободен со остар предмет во пределот на грбот, од непознато лице.

Малолетникот бил пренесен во Градска општа болница „Наум Охридски“ каде што доктор констатирал повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.