Непослушните!

13

Договор е дело што се постигнува со взаемно согласување, каде страните преку комуницирање ги приближуваат ставовите врз основа на аргументите што го изразуваат и ја убедуваат соговорничката страна дека двете страни заедно се победници. Страните губат нешто, но истовремено и добиваат, со цел да ја постигнат претходно одредена цел. Непослушните губат … и секогаш треба да изгубат!

Шаќир ИСЛАМИ

Се приближува денот на изборите, интересот, оптимизмот, љубопитноста на граѓаните за гласање за пратениците за следниот мандат, треба да се поттикнува и зголемува; напротив, освен партиските партизани и пеливани, поширокото албанско општество е во длабока апатија и стагнација. Сега атмосферата треба да зоврие и клуча; да заживее дебатата, разговарањето, празнувањето, бучавата… да се разбуди секој сегмент на општеството. Засега, како што се забележува, граѓаните на нашето општество не изразуваат никаков оптимизам за 12 Април, ден кога ќе се држат универзалните парламентарни избори. Ден, кога ќе се изразува гласно и силно јавното мислење, значи, да кажеме на популарен јазик – денот на изборите е време кога ќе се слушне „гласот на народот“. Малку да го објасниме терминот „јавно мислење“, кој,ви се заколнувам дека – денеска и цел ден – иако изразот „јавно мислење“, постојано се џвака во јавната сфера, било од новинари, политичари, професори, … никој не го разбира значењето на овој израз. Има едно зачудувачка пречка, која, потребно е време и простор да се објаснува. Сам за денеска, ја упростуваме, дека мои почитувани читатели го разбираат полесно. Го нарекувам глас на народот, затоа што тоа е позната за пошироката јавност, па дури е и нешто достапно и приближно со „јавното мислење“.

Треба да се објаснува, затоа што тоа е сила што ја одредува мандатот за управување со земјата. Кој го менаџира јавното мислење, тој го добива следниот мандат. Денот на изборите е завршниот натпревар на политичките понуди меѓу власта и опозицијата. Тоа е единствениот политички ден кога владее граѓанинот; каде политичарите се претворуваат во загари или лангусти, ако сакате, чекајќи ја вечерта за да дознаат на која страна им ја давале легитимност а граѓаните.

Меѓутоа, како што вели нашиот народ секогаш паметен – денот се знае од сабајле – и прелиминарните знаци не велат за енергија што ќе го разбуди албанското општество од долгото дремливост. Политичко бојно поле е запалена само меѓу политичките партии и партиските партизани. Позицијата и опозицијата застанаа на нозе. Додека, повеќето граѓани се само гледачи на оваа гладијаторска борба, за живот или смрт, или за власт или опозиција. Се разбира, дека секоја партија ја претпочитува власта. Да се биде во позиција е политички неуспех и очај. Опозицијата е сиромаштија, е штета, залуден труд, без авторитет. Опозицијата е импотентна, во наша смисла на политиката. Опозицијата нема чорба, јанија и алва. Сите ги зема позицијата на власт. Затоа, политичката борба меѓу нив е жестока, груба, непријателска… тоа е борба за леб, за работа, за семејна благосостојба, … дури и секс. Вака сме слушнале од „бомбите“ што се слушаат во медиумите од ден на ден. И на овие избори, ќе слушнеме “бомби“ со лут вкус!

Во последниве неколку недели, граѓаните се вознемирени и се заинтересирани за политичко социјалните настани во нашето општество, со нетрпение ја чекаат искрата на надежта дека ќе се случи чудото и дека политичките партии, кои се повикуваат опозиција – овој збор (должам да објаснам почитувани читатели) на албански, значи, противниците, противниците на власта – конечно ќе ги обединат и последните честички на нивните сили,за да ја разбранат и да ја променат оваа убиствена состојба на апатија и стагнација што го гуши целото општество. Надежта, можеби ќе се случи обединувањето на опозицијата под едно политичко знаме, траеше кратко. Опозицијата повторно потфрли! Опозициското раководство, која, со измама се нарекува „обединета опозиција“, со своето последно однесување, само ги повтори грешките од минатото. Пред четири години, со иста идиотска формула, со немилосрдност и незнаење, тие ја преполовија НДП на Руфи. Тоа се вели, непослушните! Или, не ја знаат значењето на зборот – обединување, или просто се само аргати на сатаната. Нешто се! Кога ќе почнеш да се обединуваш и да ги збиеш редовите, не избираш и не понижуваш некого, а некого го возвишуваш. Кога има една цел, една благородна намера, …и сатаната го земаш со себе и влегуваш во бојното поле.

Замислете го Скендербег, да започнал да бира,… Тој ја правел обединувањето и се бореше против душманот дваесет и пет години! И, сите овие години, овој човек победил! Но, обединувал пријатели, а не поделил, не разделил, не изневерил … Една од главните причини на успехот на Скендербег била, бесата – одржаниот збор, дарежливоста, благородноста, храброста, визијата и љубовта и верувањето за својот сој (род). Денешните лидери, не можат да се измерат ниту со коњот на Скендербег, а камоли со него!
Овој свет е изграден врз основа на договор и силата. Историјата на човештвото е исполнета со примери на договори меѓу спротивставените страни. И после две светски војни, после сите тие уништувања и доживеени трагедии, повторно на крајот беа принудени да седнат и да најдат решение за ситуацијата, со постигнување на конечен договор. Договорот е дело што се постигнува со взаемно согласување, кога страните преку комуницирање ги приближуваат ставовите врз основа на аргументи што ја изразуваат и го убедуваат соговорникот дека двете страни заедно победници. Страните губат по нешто, но истовремено и добиваат, со цел да ја постигнат претходно поставена цел. Непослушните губат … и секогаш треба да изгубат!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)