Непрепознатлива: Кели Озборн изгуби 40 килограми, престана да пие, сега е како друга личност

12

Ќерката на рокерот Ози Озборн се фали со својот нов изглед, со убавата трансформација што ја постигна, дури откако престана да пие.

Реалити sвездата Кели Озборн (36) тешко ќе ја препознаат оние кои не ги следат нејзините социјални мрежи. Откако изгуби скоро 40 килограми, таа изгледа како нова личност.

Ќерката на Ози Озборн (72) вели дека и таа самата понекогаш тешко верува дека лицето во огледало и на фотографиите е навистина таа. Таа признава дека операцијата на стеснување на желудникот, која и била направена пред две години, и помогнала да ослабе.

– Да, бев на операција. Не ми е гајле што ќе кажат другите! Јас го сторив тоа и горда сум – рече таа на еден подкаст пред една година. Таа додаде дека никогаш нема да лаже за тоа, бидејќи тоа е најдоброто нешто што го направила досега.

Кели не сака луѓето да мислат дека само операцијата е одговорна за нејзината драстична промена. За да може операцијата да биде успешна, таа морала да тренира и да јаде правилно.

– Порано губев килограми за луѓето да ме прифатат. Овој пат … Јас не ослабев за никој друг освен за себе и се чувствувам одлично! – напиша таа во еден пост.

Таа вели дека луѓето почнале да забележуваат дека таа ослабела само откако можело да се забележи во нејзиното лице, што се случило по неколку инјекции, кои и помогнале при болки во вилицата.

– Тоа промени сè на моето лице! Вилицата ми изгледаше потесна“, рече таа.

Иако Кели веќе подолго време се фали со својот нов изглед и витка фигура, нејзиниот последен пост на Инстаграм ги шокираше обожавателите. Тие велат дека не ја препознаваат и дека претерува со пластичната хирургија, по што е позната нејзината мајка Шерон Озборн (68).