НЕПРИЈАТЕЛОТ НА ПУТИН ПЛАЧЕ ОД БОЛКИ: Вознемирувачки снимки од авиониот со кој патуваше Навални (ФОТО+ВИДЕО)

9

Патниците кои патуваа на летот од Toмск до Москва споделија снимки на кои се слушаат врисоците на Алексиј Навални.

Лекарите се борат за животот на најголемиот и најпознат руски критичар на Кремљ, бизнисменот Алексиј Навални.

Утринава на Навални му се слошило додека бил на лет од Томск до Москва, принудувајќи го авионот непланирано да слета во Омск. Оттаму бил пренесен со брза помош во болницата, објави портпаролката на Навални, Кира Јармиш на Твитер, наведувајќи дека тој е во критична состојба.

Жена во Русија гледа видео кое се шири на социјалните медиуми, а се гледа како Алексиј Навални е преземен од тимот на брзата помош по што беше пренесен во болница
Заменикот на директорот од болницата во која се наоѓа Навални ги потврди наводите, како и дека се обидуваат да утврдат дали Навални бил отруен.
https://www.slobodenpecat.mk/wp-content/uploads/2020/08/118363547_3221493897926386_5948443262403602176_n.mp4?_=1

Патниците кои биле во авионот на летот од Томск до Москва тврдат дека Навални буквално ползел за време на патувањето, поради што авионот морал итно да следа во Омск.