Нервоза на „Камп Ноу“: Пике секој меч „пожолтува“, се замерил и со Меси на тренинг

4

Барселона ја загуби лидерската позиција на табелата во Ла Лига и заостанува три бода зад големиот ривал Реал Мадрид. Тоа веднаш се рефлектира и на атмосферата на „Камп Ноу“. Дефанзивецот Жерар Пике оваа сезона има дури 14 жолти картони што ја отсликува лошата игра на целиот тим во одбрана, а нервозата за прелеала и на еден од последните тренинзи кога Пике се замерил и со Лионел Меси. Кавгата прераснала во жесток судир, а другите фудбалери спречиле да има и физичка пресметка. Очигледно дека не е се идеално во каталонскиот тим ниту по смената на Ернесто Валверде и ангажманот на новиот тренер Кике Сетиен.

Прашање е дали Сетиен ќе може да ја стави ситуацијата под контрола и да го покрене тимот напред, посебно што раководството на клубот не успеа да обезбеди и уште еден квалитетен напаѓач во зимскиот преоден рок за да го замени повредениот Луис Суарез. Уругваецот ќе го нема три месеци, а Барселона пред себе има многу предизвици.

Новата главоболка е Осман Дембеле кој повторно се повреди и ќе мора да паузира најмалку две седмици.