Несреќа со мигрантски брод кај британскиот брег, најмалку тројца загинати

4

 

Спасувачката операција е во тек по поморската несреќа во Ла Манш во која учествуваше мал брод со мигранти, соопшти британската агенција за поморска и крајбрежна стража.

Во бродот имало меѓу 30 и 50 луѓе, а најмалку тројца се мртви, изјави локален француски извор за „Sky News“.

На терен се чамци за спасување, спасувачки екипи на крајбрежната стража и хеликоптери. Во реонот има и рибарски брод кој помага во спасувањето, додаваат од Агенцијата. Во акцијата е вклучена и француската морнарица. Засега нема информации за жртви.

Агенциите јавуваат дека во операцијата за спасување на мигрантите учествуваат француски хеликоптер и поморски брод, како и британската Кралска крајбрежна стража. Портпаролот на Министерството за одбрана потврди дека инцидентот е во тек и не сакаше да даде дополнителни детали.

„Инцидентот е во тек и немаме дополнителни информации“, се вели во соопштението. Агенцијата за крајбрежна стража соопшти дека ја координира операцијата во врска со „инцидентот со мал брод кај Кент“.

Извор од владата изјави дека 43 лица биле спасени и пренесени во Велика Британија. Некои од спасените се извлечени од чамецот, а други од морето. Изворот рече дека малиот број на потврдени смртни случаи веројатно ќе се зголеми.

Несреќата се случи само неколку часа откако премиерот Риши Сунак вети дека ќе воведе нови закони за борба против илегалната имиграција. „Мораме да ги запреме бродовите. Оваа влада ќе го направи она што треба да се направи“, рече Сунак.

44.711 луѓе го преминале Ла Манш со мали чамци во 2022 година, според податоците анализирани од „Sky News“. Ова вклучува 1.087 бродови со просечни 41 лице по брод. Во 2021 година имало 28.526 пристигнувања.