Нејмар „рамо до рамо“ со Меси и Занети, изедначи рекорд стар 12 години

5

ПСЖ по неверојатен пресврт синоќа ја совлада Аталанта во ЛШ. Нејмар имаше страшно промашување во трета минута, топката не го сакаше во текот на целиот меч, кога станува збор за реализацијата.

Сепак, Бразилецот успеа да израмн рекорд кој досега го држеа Аргентинците Хавиер Занети и Лео Меси.

Фудбалерот на ПСЖ синоќа имаше дури 16 успешни дриблинзи. Тоа е рекорд во ова натпреварување.

Меси пред 12 години против Манчестер Јунајтед имаше ист број на дриблинзи, а екс-дефанзивецот Занети во 2003 година го постави рекордот против Динамо Киев.

Нејмар синоќа покрај дриблинзие имаше и 9 изнудени фаули, креираше 5 шанси, доби 25 од вкупно 32 дуели и запиша асистенција за гол.