„Не е во ред некој да оди во затвор за користење на пола грам канабис за лична употреба“, кажа премиерот Заев

30

Премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција ги искажа плановите на Владата за следната 2021 година. Заев кажа дека еден од плановите е и легализација на канабисот за медицинска употреба, како и декриминализација за мала количина за лична употреба.

„Канабисот е една од најдинамичните индустрии во Светот, и Владата ќе ги поддржува компаниите кои ќе се анимаваат овој бизнис. Искуствата кажуваат дека земјите како Канада, Чешка и Холандија заработуваат 55 милијарди долари годишно од оваа дејност. Во Северна Македонија се одобрени 59 лиценци за оваа дејност.“, рече Заев, и истакна дека е уверен дека парламентот ќе ги усвои законските измени.

„Верувам дека парламентот ќе ги усвои законските измени. Со измените на законот за опојни дроги, ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели. Очекуваме преку 250 милиони евра профит за производство на канабис.“, рече премиерот.

Потоа се осврна и на личната употреба на канабис во мали количини.

„Да овозможиме декриманилизација и депанлизиација на канабисот за мали количини за лична употреба. Не е во ред некој да оди во затвор затоа што користел половина грам канабис за лична употреба“, изјави Заев.