Не е само Дембеле, Чави отпишал уште пет фудбалери

6

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез покрај Усман Дембеле, дозволил заминување на уште пет фудбалери на кои нема намера да смета.

 

Барселона не блескаше и синоќа, но благодарение на гол на Френки де Јонг во финишот од мечот го победи Алавес со 1-0.

Чави се обидува да креира тим кој постојано ќе напредува и ќе ја врати Барселона на победничките патеки.

За да се носат нови засилување, Барселона треба и да продава, клубот веќе нема таков луксуз да дава високи плати на играчи кои не даваат допринос.

Усман Дембеле е ставен на трансфер листата, а покрај него Чави дал зелено светло за заминување и на Самуел Умтити, Клемент Ленгле, Александро Балде, Оскар Мингез и Рики Пуџ.

Овие фудбалери се слободни да си заминат ако до Барселона пристигне понуда за нив.