Не сум за полициски час и целосно затворање, бидејќи тоа ќе се одрази на економијата, кажа Заев

59

Премиерот Зоран Заев кажа дека против целосно затворање на државата поради зголемениот број на случаи на ковид-19, бидејќи, како што вели тој, тоа ќе се одрази на економијата, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се воведат нови мерки за заштита од епидемијата на коронавирус.

Заев кажа дека загрижувачки се новите бројки и тоа покажува дека сите треба да ги почитуваме мерките кои веќе се на сила, односно носење маска и држење растојание.

„Ако Комисијата за заразни болести предложи мерки кои навистина ќе го намалат бројот на заболени, ние како Влада ќе ги прифатиме. Но, нема да брзаме со полициски час и целосен локдаун, бидејќи тоа ќе се одрази на економијата” рече Заев, кој денеска заедно со скопскиот градоначалник Петре Шилегов и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски беше во обиколка на претоварна станица во Скопје каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела.

Вчера беа регистрирани 535 нови случаи на ковид-19 во земјава, најмногу од почетокот на епидемијата.