Нигерија остана без СП, бесните навивачи влетаа на теренот и искршија се што им се најде на патот (Видео)

12

Нигерија остана без Светско првенство за првпат по 2006-та година и нема да биде дел од најважниот фудбалски настан, факт кој многу лошо го прифатија 60-те илјади фанови кои беа на трибините на „Абиола стадионот“.

Гана успеа да ремизира со 1:1 и успеа да си обезбеди билет за Светското првенство во Катар, но малкубројните гостински навивачи на крајот стравуаа за своите живот.

Нигериските навивачи бесни од елиминацијата влетаа на теренот, а сцените најдобро ни отсликуваат дека кршеа и уништуваа се што им се најде на патот.

Превртени клупи, расфрлани противпожарни апарати и пластики се уште еден доказ за лошата организација на натпреварите во Африка, односно немоќта да се исконтролира дивеењето на навивачите од страна на луѓето за безбедност.

За Гана, ова ќе биде четврто учество на Светските првенства од 2006-та година наваму, а најголемиот успех го остварија во 2010-та кога играа во четвртфиналето.