Никола Наумовски: Граѓаните не треба да ги менуваат личните карти поради новите имиња на улиците

9

Никола Наумовски, шефот на кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, претпладнево рече дека граѓаните нема да треба да ги менуваат податоците во личните документи со 571 нови називи според кои ќе се именуваат улици, плоштади, паркови и мостови во главниот град.

– Не, ништо. при следната замена на личните карти и пасошите ќе им биде внесено новото име на улицата на која што живеат. Значи нема да бидат изложени на дополнителни трошоци, ниту пак градот и државата. Тоа се редовни процедури, рече Наумовски во емисијата „Утрински брифинг“.

Тој рече дека ниту таблите со новите имиња нема да се менуваат вонредно, туку по редовна процедура кога ќе биде предвиденото време за тоа