Николовски: Првичните резултати покажуваат голема победа за СДСМ

9

Секретарот на СДСМ и кандидат за пратеник, Љупчо Николовски на прес конференција по затворање на избирачките места истакна дека првичните резултати покажуваат голема победа за СДСМ.

На поставено новинарско прашање колку мандати би освоила Коалицијата „Можеме“, потенцираше дека оваа прес конференција е за честитки на граѓаните, а на следната веќе ќе бидат презентирани првичните резултати.