Никој не е глув, Русковска да не вика, реагира одбраната на Боки 13

5

Бојан Јовановски на денешното рочиште се пожали дека не му е добро и побара пауза за во тоалет, со образложение дека има нагон на повраќање.

Откако излезе со полициска придружба, тој брзо се врати назад во судница.

Кога неговиот адвокат Сашко Дуковски укажа дека во сведочењето на Ана Камчева има разлики во одреден дел од исказот даден денес пред судот и во тој даден во Обвинителството, реагираше обвинителката Вилма Русковска.

На нејзиното гласно зборување, пак, изреагира Дуковски, кој замоли Русковска да не вика „бидејќи никој не е глув“, а Јовановски ги покриваше ушите и правеше гримаси.

Боки 13 и на рочиштето во петокот на Русковска ѝ возврати со „Не се дери, полека“, кога таа изреагира дека тој во судот еднаш вели дека е студент, а другпат дека е менаџер.

Во моментов Камчева одговара на прашањата на Јовановски.