Новак Ѓоковиќ е тенисер на деценијата

5

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е прогласен за тенисер на деценијата од Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП).

Покрај Ноле меѓу најдобрите пет се Роџер Федерер, Енди Мареј, Рафаел Надал и Станислав Вавринка.

До ваквото признание Ѓоковиќ дојде со освојувањето на 61 титула – 15 Грен слема, четири титули на завршниот Мастерс, 29 трофеи на АТП 1000 турнирите, како и петпати годината ја завршил како најдобар тенисер во изминатата деценија.