Новата министерка за култура бара трпение за немањето плати и плочата на Мајка Тереза

48

Хисни Исмаили ја предаде функцијата министер за култура на Ирена Стефоска од СДСМ. Тој ќе биде пратеник. Новата министерка ја добива функцијата во време кога главната дебата се води за немањето плати во Култура и наоѓањето решение за спомен плочата за Мајка Тереза. За тоа кога ќе се реши проблемот со платите, прашавме веднаш по нејзиното преземање на функцијата.

Сличен одговор даде и за спомен плочата на Мајка Тереза.

Хисни Исмаили си замина од функцијата оценувајќи го колективниот договор како една од двете клучни точки кои ги реализира додека бил на оваа функција.

Со овој договор работниците од култура веќе требаше да имаат покачени плати, но тоа не се случи бидејќи, како што објаснија од Министерството за култура и Владата, не сите директори доставиле извештај за систематизација до Министерството за информатичко општество и администрација.

Од друга страна, од Синдикатот на работниците од Културата велат дека нивните информации се дека 90% од директорите ги доставиле извештаите за систематизација и не гледаат причина зошто Министерството за култура не ги усвоило истите туку ги чека извештаите од сите институции.