Новаци (26,9%) и Вевчани (24,9%) со највисок одѕив до 11 часот, на ниво на држава гласале 15,5 отсто

7

Општина со највисок одѕив на гласачите до 11 часот е Новаци, со 26,89 отсто, следена од Гевгелија со 23,29 отсто, Прилеп со 22,07 отсто, па Демир Капија со 21,99 отсто, Македонски Брод со 21,86 отсто, а многу блиску е и Берово со 21,76 отсто.

Четвртата изборна единица изби на првото место по излезност до 11 часот, со 18,55 отсто гласачи што го искажале својот избор. Во 9 часот таму беше забележана излезност од 7,77 отсто, а во истиот период најголема беше излезноста во 1-та изборна единица.

Излезноста на гласачите на избирачките места за предвремените парламентарни избори стабилно расте и до 11 часот речиси е двојно поголема од излезноста забележана од отворањето на биралиштата во 7 часот па до 9 часот наутро, покажуваат пресметките на Државната изборна комисија (ДИК).

На ниво на целата земја, излезноста во 11 часот била 15,39 отсто, а во 9 часот беше 6,7 отсто.

Бројките собрани од ДИК покажуваат дека исто како и во 9 часот, наслаба е излезноста во 6-та изборна единица, која изнесува 9,26 отсто.

Првата изборна единица има 17,47 отсто излезност, 2-та 14,32 отсто, а 3-та високи 18,44 проценти, а 5-та 14,92 отсто, покажува извештајот на ДИК.