Нова блескава партија на Дончиќ за нова победа на Далас (ВИДЕО)

24

Далас оствари и втора гостинска победа во серијата против Лос Анџелес Клиперс, и овој пат Лука Дончиќ беше херојот, ЛА Лејкерс изедначи против Феникс, а Бруклин поведе со 2-0 против Бостон.

Лука Дончиќ со 39 поени, седум скока и седум асистенции го предводеше Далас до победа кај Клиперс од 127-121, сериозен допринос даде и Хардавеј кој реализиираше 28 поени.


Ленард не можеше сам во составот на ЛА Клиперс, постигна 41 поен, но тоа не беше доволно да се дојде до триумф. Далас сега има две гостински победи во серијата против Клиперс и со две победи дома би можел перфектно да го почне настапот во плеј-офот.

Лос Анџелес Лејкерс не дозволи втор пораз од Феникс, победи со 109-102 и изедначи и на 1-1.

Дејвис беше најдобар со 34 поени и десет скокови, Леброн постигна 23 поени, имаше и девет асистенции, најдобар кај Феникс беше Букер со 31 поен.

Бруклин поведе со 2-0 против Бостон откако го доби вториот дуел со 130-108. Кевин Дурент со 26 поени беше најефикасен кај домаќините, Смарт реализираше 19 за Селтикс.