Нова година го зема данокот: Речиси 1.200 новозаразени – 9 сомнителни на Омикрон

14

1197 нови случаи на заразени со Ковид-19 ќе влезат во денешната статистика на Институтот за јавно здравје, објави „Слободен печат“ повикувајќи се на извори од ИЈЗ.

Инаку, девет случаи се сомнителни на Омикрон сојот. Во Институтот, не со секвенционирање, туку со друга метода ќе се испитуваат девет примероци, сите од Скопје.

Инкубацискиот период соодветствува на предновогодишните славења и големата фрекфентност во угостителските објекти.